Жалба на одбраната

Менкиновски: Со незаконски продолжениот притвор продолжена е тортурата врз Камчев

Тони Менкиновски, адвокат на Јордна Камчев, сподели детали од жалбата до Апелацискиот суд на продолжениот притвор за нови 30 дена, изречен на неговиот клиент и нагласува дека станува збор за незаконски изречена мерка. Основот за изрекувањето на притвор е скандалозен исто како што е скандалозен и за продолжување на притворот за нови 30 дена, вели адвокатот. Против судијата на претходна постапка и судиите од кривичниот совет се поднесени кривични пријави и барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова.

„Јавно прашуваме дали изрекувањето на оваа скандалозна одлука за продолжување на притворот е само дополнување и проширување на тортурата која во првите десет денови се вршеше врз Јордан Камчев во затворската институција, а која по увидот ја потврди и Народниот правобранител? Само сега со злоупотреба на други институции и други средства? Имено, до сега во изрекувањето на првата мерка притвор и судијата на претходна постапка и Јавниот обвинител работеле комплетно несовесно и незаконски и ја изрекле најстрогата мерка притвор, притоа непрезентирајќи докази на одбраната, односно, непрезентирајќи ја фамозната белешка, Информацијата од АНБ на РСМ СД бр.02-545/1 од 14 март 2021 година, која не само што не е презентирана туку, дури и во случај истата да постои, е незаконита како доказ", вели Менкиновски.

На одбраната, како што нагласува, сѐ уште не ѝ е дадена можност да направи увид фактички во истиот доказен материјал на „ОЈОГОКК-Скопје" што сега е наведен во текстот на образложението на обжаленото првостепено судско решение, а сега и второстепено судско решение, со цел одбраната да се запознае со содржината на истиот.

„Со ова, повторно флагрантно е повреден чл. 5 од ЗКП4 од страна на „ОЈОГОКК-Скопје" со чинот на донесувањето на својот предлог за продолжување на мерката притвор спрема осомничениот Камчев. Истите докази кои сега биле доставени кон Предлогот на „ОЈОГОКК-Скопје" за продолжување на мерката притвор се видно спротивни на член 12 од ЗКП и на член 110 од Законот за јавното обвинителство“, пишува адвокатот

Тој во жалбата наведува дека е видно противправно заснован предлогот за продолжување на мерката притвор против Камчев, „како и посебно на  Информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14.03.2021 г.) на АНБ која Информација и овој пат фактички претставува единствениот доказ врз чија основа ОЈОГОКК-Скопје сега го засновал и својот овде наведен предлог за продолжување на мерката притвор“.

Адвокатот Менкиновски наведува дека во решението јавниот обвинител се повикува на потреба за продолжување на притворот дополнително и за постапка, која се води за случајот "Империја", а за која патем водат неразумно долга и надвор од законските рокови истрага од повеќе од 36 месеци, и постапка за која што веќе Камчев бил во притвор.

„Во таа насока во наведениов случај имаме повреда на членот 7 Забрана за двојно судење или казнување според кој 'Никој не може повторно да биде суден или казнет за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука'.

Според одбраната не држи образложението дека Камчев поседувал две патни исправи, имајќи предвид дека и двете се депонирани во судот. Уште повеќе затоа што во времето од шест месецу кога на Камчев му била издадена времена патна исправа тој 60 пати излегувал и се враќал во земјата, што, нагласува адвокатот, докажува дека немал намера да бега.

Менкиновски уште еднаш се навраќа на „безбедносната“ белешка. 

„При нашето инсистирање да нѝ се достави на увид фамозната белешка од АНБ на РСМ СД бр.02-545/1 од 14 март 2021 година, една од причините за истото не е само да изградиме издржана одбрана туку и да докажеме дека во оваа држава срамно, врз основа на усни белешки од доушници на тајните служби се руши репутацијата и угледот на граѓаните“.

Менкиновски ја цитира, како што вели, наводната содржина во незакониот доказ наведен во решението на Кривичниот совет на судот: „Осомничениот во периодот од 12 февруари до 14 февруари 2021 година остварил средба со лице припадник на странска служба за безбедност од Р.Бугарија, со која служба осомничениот веќе соработувал и се претпоставувало дека ќе има подршка во бегството од Р.С Македонија во Р.Бугарија".

Адвокатот вели дека „ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за Камчев. Јордан Камчев е македонски бизнисмен кој целокупониот свој капитал го има во РС Македонија и директно вработува над 3.000 луѓе, во буџетот на РСМ по однос на различни даноци и придонеси годишно исплаќа 18.500.000 милиони евра, додека по основ на плати за вработени преку своите компании исплаќа бруто вредност од 30.200.000 милиони евра и никогаш ниту бил, ниту имал намера да биде соработник на каква било странска служба“.

Одбраната во дописот до медиумите информира дека пред Републичкиот совет поднесе претставка за несовесно и нестручно работење на Судија на претходна постапка како и на судиите од Кривичен совет кои одлучуваа и изрекоа мерка притвор и по втор пат, повторно без презентирање на докази.

„Денеска ја информираме јавноста дека за нивното работење поднесуваме и кривични пријави“, пишува Менкиновски.

„Воедно поднесовме барање до ЈО за изземање на обвинителката Лиле Стефанова која првенствено нема ниту стварна, ниту месна надлежност за случајот и е компромитирана како обвинител кој беше дел од СЈО кога се потврди случајот 'Рекет'. За неа се поднесени кривични пријави од страна на Јордан Камчев во врска со нејзино незаконско постапување во предметот 'Империја', а невозможно е да остане незабележан личниот анимозитет и непрофесионален однос кон Камчев, кој во нејзините јавни излагања досега, се нема ни обидено да го прикрие", вели адвокатот и додава дека се доставени докази оти Камчев не поседува десетина фирми во странство и оф-шор компании кои обвинителката ги навела во барањето за притвор.

„Истовремено, обвинителката тврдела и дека Јордан Камчев поседува и стан во Бугарија што исто така е ноторна лага и истото е опфатено во жалбата која ја доставува одбраната“, нагласува адвокатот.

„Пред целата јавноста апелираме до институциите и искрено се надеваме дека ќе престане оваа злоупотреба на тајните служби за местенки на граѓаните на оваа земја и дека институциите кои работат во служба на сите граѓани ќе почнат да постапуваат непристрано и совесно, согласно нивниот професионален интегритет“, смета одбраната на Камчев.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе