Прес-конференција на одбраната

Менкиновски: Белешката на АНБ е единствен доказ за притворањето на Камчев, а уште не сме ја виделе

Предметот за незаконито лишување од слобода или „киднапирање“ на Јордан Камчев е веќе предмет на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Советот на Европа чиј мандат е заштита на основите човекови права, како и предмет на анализа и публикување во реномирани средства за јавно информирање надвор од Македонија, соопшти неговиот адвокат Тони Менкиновски.

На денешната прес-конференција Менкиновски презентираше решенија од Судот со кои, како што рече, е ограничена слободата на Камчев, а „експлицитно еден и единствен доказ е белешката на Агенцијата за национална безбедност“ за којашто обвинителката Вилма Русковска кажа дека не е доказ во постапката во која е притворен Камчев.

„Ние не знаеме дали ги има исплашено содржината на белешката па сега се обидуваат да лажат дека истата не е доказ во постапката, а како што знаеме и како што виде македонската јавност, белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме дека согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ, изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка.  Одбраната во целиот арбитрарен процес укажува на ова противправно и незаконито дејствување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту Кривичниот совет, ниту Апелацискиот суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки“, рече Менкиновски.

Според него, во целиот случај се поставуваат неколку прашања, почнувајќи од тоа зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ.

Законските овластувања на АНБ се предвидени во Закон за агенција за национална безбедност, а согласно своите надлежности утврдени во истиот закон Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и сл. односно дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата.

На прашањето дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност, Менкиновски појасни дека дури и да ги добиле овие информации, во АНБ имале должност овие сознанија да ги поткрепат со докази, кои ќе ги обезбедат преку барање до Врховниот Суд да дозволи ПИ мерки за следење на лицето Јордан Камчев, или преку оперативно следење.

„Спротивно на тоа, тие без обезбедување на докази ја дале оваа информација до jавниот обвинител Лиле Стефанова. Чиста злоупотреба на службената положба на АНБ, за што некој ќе мора да сноси одговорност. Кривична одговорност постои и за jавниот обвинител Стефанова, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази предложила мерка притвор. Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека лицето Камчев подготвува  бегство. Кривична одговорност и за судиите од Кривичниот совет кои по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор“, додаде адвокатот на Камчев.

Инаку, белешката уште не е доставена до одбраната, иако во повеќе наврати од  различни институции ја побарале и ја оспориле нејзината употреба. Како што кажа Менкиновски, се обратиле до АНБ, до Судот и до Врховен, но одговор не добиле, иако Судот и Обвинителството се должни да ги презентираат доказите врз основа на кои ја изрекува мерката притвор. Одбраната нема добиено известување за дисквалификација на белешката ниту од собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ.

„Зошто АНБ не ја дава на увид оваа белешка и доказите кои ги ‘прибавиле‘ до собраниската Комисија?“, праша Менкиновски и додаде дека ноторна лага е дека причината е што истрагата трае, бидејќи истрагата за случајот „Плацеви на Водно“ е завршена.

Одбраната на Камчев, според адвокатот, бара фер постапка пред објективен и непристрасен орган во Македонија, каде низ аргументи и докази ќе докажеле дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик, а меѓународниот мониторинг во овој случај е сѐ поизвесен.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе