Основен кривичен суд Скопје 1

Случајот „Меѓународен сојуз“ пак одложен, Боки 13 уште бил во болница

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз" што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз", ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите се уште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат“, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје на 12 мај го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама" и „Перење пари и други приноси од казниво дело", по што беше гормиран и предмет за случајот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе