Нов случај на СЈО

Меѓу приведените Орце Камчев и Цветан Панделевски

Бизнисменот Орце Камчев и неговиот деловен партнер во неколку фирми Цветан Панделевски, инаку сопственик на „Пелистерка", се дел од приведените по истрагата на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Империја", пишува „Макфакс". СЈО соопшти дека за овој случај биле приведени пет лица.

Во случајот „Империја“ истрага се води за перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.

Утрово истражители на СЈО вршеле претрес во фирмите на Камчев и на други лица.

Во случајот „Империја“ осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.

Орце Камчев

СЈО соопшти дека обезбедени се доволно докази од кои произлегло основаното сомневање дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе