Наместо да биде во изолација

Маж заразен со ковид-19 се прошетал до Основниот суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирусот во лабораторија во Скопје, но наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд – Скопје.

Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот.

„Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност„, информираат од ЈО.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе