Министерство за правда

Маричиќ - Јовески: Kaдровско зајакнување на ЈO за поефикасна борба против корупцијата

Спроведувањето на Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители беа главната тема на дискусија на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со Јавниот обвинител Љубомир Јовески.

На средбата се разговараше за потребите на Јавното обвинителство и зајакнување на кадровските капацитети што би довело до подобрување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот Маричиќ истакна дека придобивките од новиот Закон за Јавното обвинителство се веќе видливи, алудирајќи на започнатата постапка за избор на пет нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Министерот Маричиќ потенцираше дека кадровското зајакнување со стручни соработници за секој јавен обвинител ќе биде вистински ветар во грб и ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата, како еден од најгорливите проблеми на нашето општество и истакна дека очекува беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.

Тема на разговор беше и донесувањето на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за Јавното обвинителство, а кои се мошне значајни и се однесуваат на постапката и критериумите за оценување на обвинителите, соопшти Министерството за правда.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе