Преку објава на Фејсбук

Маричиќ: „Јавна соба“ ќе биде катализатор за законски измени

Случајот „Јавна соба" ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ. „Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците", вели министерот.

„Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба" кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло“, вели Маричиќ.

Овој случај ќе биде поттик, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.

„Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од 'Јавна соба'. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците“, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе