Кривичен суд

Малолетничка сведок на убиството на Саздовски во судница се покри со капа, ќе сведочи без присуство на јавноста

Малолетна девојка која е сведок во постапка за убиството на Никола Саздовски во судница на денешното рочиште се покри со капата од дуксерот што го носеше. Таа беше видно вознемирена и во судница рече дека нема да ја извади капата. Судот за нејзиното сведочење одлучи да ја исклучи јавноста и бидејќи е малолетна да ја сослуша без присуства на јавноста.

Судот ја повика мајката на малолетничката и ја запраша дали има закани. Мајкта кажа дека и се јавувале на телефон со закани да не сведочат. 

Во судница присутни се тројца сведоци и родителите на Саздо и роднини на обвинетите. Еден сведок и покрај добиената уредна покана не се појави во судница.

Обвинителот пред судот реше дека обвинетите му пришле на обвинетиот, му побарале лична карта и го прашале дали е тој Саздовски.

Откако им потврдил, тројцата го удирале со боксови по главата и телото. Никола Саздовски изгубил рамнотежа, паднал, а по ова обвинетите го удирале со боксови, без милост го тепале удирајќи го силно со клоци по глава и тело, реше обвинителот. По ова Саздовски бил пренесен на клиника на КАРИЛ каде на 9 јули почина.

Со дејствијата обвинетите сториле кривично дело убиство на свиреп начин.

 За овој настан судењето почна денес во Основниот суд Скопје 1. 

Д.В.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе