Основен суд Скопје 1

Македонските државјани кои се бореле за ИСИС добија шест и девет години затвор

Шест години затворска казна добија шестемина македонски државјани кои биле дел од формациите на ИСИС. Еден од обвинетите доби затворска казна од девет години за „терористичка организација", дело кое дополнително му се става на товар. 

Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски се лицата кои беа обвинети за "Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација".

Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, обвинетите беа лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесено обвинение против седум лица.

Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се терети за две кривични дела – учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава".

Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе