Приштина

Македонија и Косово потпишаа Договор за заемна правна помош во граѓански предмети

Министерот за правда Бојан Маричиќ заедно со неговата косовска колешка Албулена Хаџиу денеска во Приштина потпишаа Договор за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Македонија и Косово, со кој значително ќе се олесни правниот сообраќај меѓу двете земји, соопшти Министерството за правда.

„Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат дека водиме политики со кои го олеснуваме пристапот до правда и ги поедноставуваме судските процедури за граѓаните на двете земји“, истакна Маричиќ.

Со Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се дозволи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете земји, со цел брз одговор од институциите без претходно да е задолжително процедурите да минуваат преку министерствата за правда.

Министерот Маричиќ, придружуван од заменик-министерот Агим Нухиу, претходно во Приштина остварија билатерална средба со косовска министерка за правда Хаџиу, на која се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа правосудство и правдата, но и за реформите кои Македонија и Косово ги спроведуваат со цел зацврстување на правната држава и владеењето на правото.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе