Македонија е во златната средина по бројот на затвореници на 100.000 население, во Европа води Белорусија

Во Европа Белорусија е земјата во која има најмногу затвoреници на 100.000 население (345), а најмалку затвореници има Сан Марино (6). Македонија е во златната средина со 105 затвореници на 100.000 население. Во светот на оваа ранг листа води САД (639).

Ова истражување е спроведено од Институтот за истражување на политиките за криминалот и правосудство во мај минатата година.

Соединетите Американски Држави имаат највисока стапка на затвореници, 639 затвореници на 100.000 население. Ел Салвадор, Туркменистан и Тајланд се на врвот на оваа табела. Во Русија таа бројка е 329.

Во САД во 2020 година имаше 2,12 милиони луѓе во затвор. Во Кина, проценетата популација по затворите изнесуваше 1,71 милиони луѓе.

Најголем дел од американските затвореници во федералните поправни установи таа година беа од афро-американско потекло.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе