Приведена за нарушување на јавен ред и мир

Мајката на Пино: Во полиција сум, ќе ве барам подоцна

Маја Трпкова, мајката на Пино Секондо момчето кое пред некое време беше најдено мртво од случаен минувач попладнево е приведена во полициска станица. Информацијата за приведувањето за МКД.мк ни ја потврди Трпкова. Во телефонски разговор во кој ја побаравме за приведувањето, таа ни одговори дека е во полициска станица и дека ќе нѐ побара подоцна.

„Јас сум во полициска станица и не можам многу да разговарам. Ќе се чуеме подоцна", кусо ни одговори Трпкова. За нејзиното приведување потврдија и од МВР од каде испратија и официјално соопштение.

Попладнево додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О., М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејства. Неофицијално, тие за време на манифестацијата на НАТО на скопскиот плоштад извикувале „Македонија, Македонија...“. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Маја Трпковска со месеци изразуваше незадоволство од одделот за потраги во МВР, откако нејзиниот син исчезна во декември минатата година, а немаше никаков напредок во истрагата за тоа каде тој се наоѓа. Телото на убиениот Пино Секондо беше пронајдено од случаен минувач.

Мајката на Пино неодамна објави дека поднесе кривична пријава против МВР во врска со убиството на нејзиниот син. Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица.

Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на селото Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели цело време беа во потрага, но за жал случајот заврши трагично.

Додека Маја со сите сили и можности трагаше по своето исчезнато дете, како што вели таа, во Секторот за потраги и исчезнати лица во МВР, не мрднаа ни со малиот прст. На ожалостената мајка и спуштале слушалки, за што, како што вели таа поседува и видео снимка, а исто така и одговарале на непрофесионален начин, кога прашувала дали има некаква трага од нејзиното исчезнато дете.

Телото од Пино беше најдено на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.

K.Д.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе