Од утре нови докази

„Мајка“ од „Рекет“ ги турна во сенка големите судски случаи на „Т“ на СЈО

„Пандорината кутија" ги затвори разговорите помеѓу двајца, од тројцата обвинети во „Рекет". Што се криеше во овој фолдер што Орце Камчев ѝ го предал на Вилма Русковска знаат само оние кои останаа во судницата и кој согласно Законот за кривична постапка не смеат да зборуваат за разговорите кои за Русковска се приватни, а за Боки 13 и Јанева клучни.

Камчев предал многу пораки, снимал многу минути, разговори преку мобилен телефон, средби на кои присуствувале тој, Боки 13, Ана Камчева...
 
„Рекет“ на почетокот на декември, минатата година почна бомбастично, камери, драма, новинари, но последното рочиште помина далеку од очите на јавноста, со одлука на судијката Васка Николовска – Масевска. И токму таа, заедно со останатите членови од судечкиот совет ќе го имаат последниот збор од првостепената постапка за случајот кој во нашата држава беше најавен како еден од најголемите судски процеси. 
 
Како минуваат рочиштата, спласна и бомбастичноста на овој процес. Има медиуми, но не како на почетокот. 
 
Но, листата на учесници е сѐ поголема. Ако на почетокот имаше глумци, сценаристи, хиени, ангели, криминалци, касапи, жртви, до денес имаме и говнарки, непријатели, кумови, судии, политичари и бизнисмени, ургенции... и уште многу епитети и вулгарности...
 
 
 
Тие се дел од судскиот процес, дел од речникот на една поранешна специјална обвинителка, на шоумен, бизнисмен сведок, адвокатка...
 
Тие се наше секојдневие, а овој речник можеме да го чуеме на снимки или во живо во судница. 
 
Јанева ја испрати поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова со оро***јо и говнарка, па на другата колешка, Вилма Русковска и појасни дека не мислела што прави со доказите, па и укажа како тоа треба да постапува обвинител во судска постапка. 
 
Јанева како на моменти да заборава во кое својство е, дека повеќе не е шефица. Токму онаа која требаше да биде столбот на спроведување на правдата и која ги правеше популарни случаите кои требаше да ги заврши, а кои почнуваа на буквата “Т“, сега истите тие случаи ги турна во сенка. 
 
Се чини дека откако „Рекет“ влезе во судница, некако како во втор план да паднаа сите останати постапки кои ги отвори СЈО. 
 
Можеби секој или, секој втор ден месецов со часови се презентираат доказите на Обвинителството за гонење на организиран криминал за „Рекет“. 
 
Камчев вели дека Боки 13 го рекетирал, но не го пријавил бидејќи не им верувал на иституциите. Така, си ги зел работите во свои раце и го снимал додека му нудел пари. Му се колнел и го убедувал дека разговорот останува меѓу нив, а овој пак, му верувал.
 
И Русковска се чини дека му поверува на Камчев дека немал доверба во институциите, па морал да ги инсценира „Рекет“ за да покаже дека бил рекетиран за „Империја“. 
 
Камчев вели дека немал вина за „Империја“ и дека овој случај бил инсцениран за да може да му бараат пари. Сепак тоа на крајот треба да го каже судот, а за овој случај истрагата е во тек и да се види дали овој случај бил инсцениран за да може да го уценуваат него и други бизнисмени.
 
Е сега, рекет ли е , уцена ли е, поткуп ли е...
 
За Камчев е рекет, за Јанева и Боки 13 е поткуп... 
 
Сведок беше и Лила Филиповска, другарката на Боки 13, ама и таа не му е веќе пријателка. Се скараа и Јанева и Стефанова. Се скараа и Боки 13 и Кичеец, и Боки 13 и Камчева... 
 
Кавгите се тука, тука се и снимките, и сведоците се тука, и вреќите со брендираната облека на Боки 13, исто така, ама парите ги нема. 
 
Е, за нив доказот го имал Боки 13. Барем така тој вели. И наскоро и тоа ќе се види, односно откако ќе изминат рочиштата на кои Русковска ќе ги презентира доказите. Одбрана пред судот ќе треба да дадат и обвинетите. 
 
А, Боки 13 најави дека кога ќе дојде тој момент, ќе каже каде звршила торбата Луи Витон и ќе покаже снимка од безбедносната камера во неговиот дом. Најави дека ќе зборува и дека ќе открие многу. 
 
Што ќе каже останува да видиме, а во меѓувреме не заборава на секое рочиште да не се пожали дека е болен, дека имал рак. 
 
А лекарската документација, како што вели судијката Николовска-Масевска вели дека тој има воспаление. 
 
Боки 13 обвинува дека животот му е загорезен, а судијката вели дека е добар.
 
Дилемата која остана и покрај 60 прегледи до сега откако е во притвор, ќе ја решаваат дополнителни испитувања кои се веќе закажани.
 
А закажани се и судските рочишта за „Рекет“ од утре, па натаму... 
 
Што ќе се случува останува да видиме, но она што до сега е сигурно дека сите, освен Кичевскиот тврдат дека не се виновни. Боки 13 со него после разговорите за кои не знаел дека му ги знимаат, ќе треба да се соочи пак кога Кичеец ќе се појави во судот како сведок. 

                                                                                                                              К.Д.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе