Лиле Стефанова: За сѐ прашајте ја Катица Јанева (ВИДЕО)

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова утрово се појави во Кривичниот суд каде денеска се одржува рочиштето за случајот „Титаник“, а обвинението го застапува токму таа.

На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал. Воедно на прашањето дали ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека за се ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева, пренесува ТВ 21.

Лиле Стефанова беше прва која даде исказ во Обвинителството за организиран криминал како сведок за случајот „Рекет“. 

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание", а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе