Мониторинг на Коалицијата „Сите за правично судење“

Лицата со попреченост не можат да влезат во судовите и тешко стасуваат до правда

Висок процент на одложени рочишта, низок надомест од државата за бесплатна правна помош и дополнителни и непотребни трошоци при постапувањето и учеството на лица со посебни потреби во постапки кои се водат пред нотар покажува мониторингот на граѓански судски постапки во основните судови во државава кој го спроведе Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење".

Како што информираат од коалицијата, активноста „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Северна Македонија", поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, е поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани, маргинализирани групи и лица со попреченост, во основните судови во РСМ.

Во рамките на мониторингот, како што стои во соопштението, набљудувачите кои биле ангажирани за потребите на овој проект биле присутни на 1.200 судски расправи во 10 основни судови во сите четири апелациони подрачја во државава.

Првичните податоци констатираат висок процент на одложени рочишта кој се должи на отсуство на надворешните субјекти на постапката, како на пример вешти лица или пак доказен материјал кој произлегува од овие лица или останати докази во постапката, но не изостануваат ниту одлагања поради отсуства на странки во постапката.

Надоместот кој државата го предвидува за бесплатна правна помош е релативно низок имајќи ги предвид европските стандарди, а државата не располага со соодветни механизми за надзор за квалитетот на овозможената правна помош како од давателите на примарна, така и на
секундарна правна помош.

При постапувањето и учеството на лица со посебни потреби во постапки кои се водат пред нотар, согласно постечката регулатива се воведуваат дополнителни и непотребни трошоци за истите.

Законот за нотаријат предвидува решение во кое како задолжителни ги внесува сведоците во постапката кога правните работи лично ги преземаат глуви лица кои не знаат да читаат или неми лица кои не знаат да пишуваат. Имајќи предвид дека во овие случаи е задолжително повикување на толкувач кој би ја овозможил комуникацијата помеѓу овие лица и нотарот кој постапува, се доведува во прашање легитимноста на оваа одредба.

Истражувањето покажува дека сите категории на лица со попреченост се соочуваат со потешкотии во поглед на пристапноста до суд и до правда, со што им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите согласно со законите и меѓународните прописи.

Од добиените одговори од 17 нотари, 9 извршители и 42 адвокати се утврди дека адвокатските, нотарските и извршителските канцеларии главно се сместени во деловни објекти, или половината од нив, додека 45 проценти се сместени во станбени згради, а 5 проценти во индивидуални куќи.

Дури 68.8 проценти од објектите во кои се сместени канцелариите немаат пристапна рампа, односно не се пристапни за лица кои се движат со помош на количка, а во 75 проценти од објектите во кои се сместени канцелариите нема функционални лифтови.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе