Леви за барањето за притвор: Зошто сега би бегал кога сам се пријавив уште на почеток на постапката?

Горан Ѓошевски е без работа и има семејство и не може високата казна изречена од судот да биде причина за барање на притвор, а за него постојат и мерки и одземена му е патната исправа, рече адвокатката Ружица Николовска, која го застапува обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви.

Обвинетиот Леви пред судот кажа дека за оваа постапка сам се пријавил во судот.

„По допрен глас дојдов сам, никој не ме приведе. Судот прифати да ме притвори само затоа што сум имал запретено висока казна. А Апелацискиот суд  ја прифати мојата гаранција во недвижен имот на блиски и роднини. Надвор од памет би било да оставам толку фамилии на улица. Тврдам дека нема ни еден доказ дека би побегнал. Четири дена пред мојата врата неовластено беа поставени полицајци и ќе ви кажат дали Ѓошевски имал намера да бега“, рече Ѓошевски.

К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе