Во случајот на СЈО

Латас и браќата прогласени за невини за „Тревник“

Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот Тревник на СЈО.

Судијката Марија Клетничка Марковски, на денешното изрекување на пресудата за „Тревник“, кажа дека делото за кое се обвинети не е кривично дело. Посочи дека тие се товарат оти од јули 2012 до 2013 година спротивно на закон граделе без одобрение во општина Зелениково на сопствено земјиште. Откако започнале со градба поднеле барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината, прикривајќи дека градбата веќе е почната.

„Имајќи ги предвид сите изведени докази советот донесе одлука дека се ослободуваат од обвинение. Делото за кое се обвинуваат не е кривично дело. Трошоците паѓаат на товар на државата“, изјави судијката Марковски.

Судијката соопшти дека браќата Павловиќ се ослободуват од обвинение затоа што „задача на градежните инспектори е да го спроведуваат законот и да одредат казна ако некој го прекршил законот“.

„Во овој случај никој од државата не презел никакви мерки додека се граделе објектите ниту било донесено решение за отстранување на градбита – со ова се докажува дека немало јавен интерес, а потоа обвинетите добиле и одобрение за градба и платиле комуналии, а нивното впишување како сопственции не го оспорил никој“, рече судијката.

Судот се водел од загарантираното право на приватно сопственсот што е гарантирано со Уставот.

Застапник на обвинението е специјалната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска.

Во судница пресудата ја слушнаа само Драган Павловиќ Латас и Срѓан Павловиќ, додека обвинетиот Звездан Павловиќ не присуствуваше.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе