Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор за потпалување на клубот „Иван Михајлов“

Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов" во Битола на 4 јуни годинава. Пресудата е изречена минатата недела, а од денеска стана правосилна.

Адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски за Радио Слободна Европа потврди дека казната нема да се реализира доколку во следните две години, неговиот клиент не стори ново кривично дело.

На Алабаковски, кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и му се укинати мерките за обезбедување. По инцидентот на Алабаковски му беше изречена мерка притвор од осум дена, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода. 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе