По инцидентот во затворот во Штип

КЗД ги истражува сите нарушувања на правата на притворени лица во затворите

Ги истражуваме сите достапни релевантни докази за евентуалната дискриминација и можни нарушувања на правата на притворените лица во затворите во државата, соопшти Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД).

Повеќе медиуми пред неколку дена објавија информација за инцидент во затворот во Штип при што група затвореници се затвориле во соба, а двајца од нив се расекле со стакло и жилет. Потврдена беше и информацијата за инцидентот со притворениот Јане Ченто во истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

КЗД ги повикува и другите надлежни државни органи, а особено Народниот правобранител и Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи при Собранието на Република Македонија подробно да ги истражуваат овие случаи и доколку има потреба да се ангажираат во насока на заштита на слободите и правата на граѓаните.

„Според Уставот и Законот за спречување и заштита од дискриминација, се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор“, потсетуваат од Комисијата за заштита од дискриминација.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе