Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: ПИОМ е стабилен, ќе има дополнително зголемување на пензиите

„Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите. Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните“, изјави на прес-конференција портпаролката на владејачката СДСМ.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани и растот на пензиите ќе продолжи и оваа година, рече Кузеска.

„Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите. Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време“, рече портпаролката. 

Кузеска нагласи дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна, а тоа го потврдува и податокот за растот на просечната плата, која во ноември 2021 година, како што рече, изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.

Таа најави дека покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе