Одлука на Основниот кривичен суд

Курто Дудуш призна вина за напад и доби судска опомена

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска во Основниот кривичен суд призна вина за нападот на Демир Исмаил, и рече дека жали за стореното. 

По признанието на градоначалникот, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна судска опомена.

Оштетениот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара парична оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва", го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе