„Рекет“

Кумата на Боки 13 сведочи дека тој потекнува од просечно средноимотно семејство

Бојан Јовановски потекнува од просечно средноимотно македонско семејство, одговори денес Мери Дика, апелационата судијка која како сведок беше повикана да сведочи во „Рекет“.

Сестрата на Агапи Дика пред судот рече дека со мајката на Бојан е пријателка 50 години и дека оделе на заеднички патувања. Дика, одговарајќи на прашањата на обвинителката Гордана Смаќоска, појасни дека била во куќата на Бојан во Орман, дека одела на патувања во Милано со Бојан и со неговата мајка, како и дека откако тој се вратил од Белград, бил посериозен и променет и му се подобрила финансиската состојба.

„Бојан, колку што мене ми е познато, во Белград беше да работи на некои проекти финансирани од ЕУ. Познато ми е дека купи автомобил, но на лизинг или отплата. Според моите сознанија, тој беше избран во Меѓународниот сојуз“, сведочеше Дика.

Во врска со патувањето во Милано, кумата на Боки, Дика, рече дека во Италија одела секогаш кога можела, бидејќи таму живее нејзиниот син. За шопингот на Боки појасни дека не може да знае што купувал тој и колку често тоа го правел. Околу ситуираноста на семејството на Бојан, Дика рече дека тој и неговото родители потекнуваат од просечно семејство.

Прашања за кумата имаше и Боки 13. Тој пред судот ја праша: „Ќе се согласите ли дека освен што сте биле пријателка со мојата мајка, и ние сме имале комуникација како мајка и син?“. Дика на ова одговори: „Блиска, но не и секојдневна“.

Прашања од Бојан имаше и околу патувањата, на што Дика додаде дека не може да ги набројува сите патувања и одмори што ги имале во периодот од 50 години.

Прашања за Дика немаше обвинетата Катица Јанева. Судењето е во тек, а на листата на сведоци денес се уште четворица.

К.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе