Кривичен суд Скопје

Куќен притвор за седуммина, притвор за едно лице за нередите пред Собранието

Основниот Кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за 8 лица кои учествувале во настаните пред Собранието пред два дена, на 5 јули. 

Судот на седум од осумте осомничени им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратена постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Осуммината во текот на вчерашниот ден се спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, кој по произнесување на осомничените во присуство на бранител, ги донесе овие решенија, се вели во соопштението од Кривичен.

Против овие, неправосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

ОЈО претходно објави дека поведе постапка против осум полнолетни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело- Учество во толпа што ќе изврши кривично дело во врска со настаните пред Собранието на Република Северна Македонија на 5 јули.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе