Кривичниот суд Скопје одлучи

Куќен притвор за Рашковски, Обвинителството не приложило докази дека тој е имотен и може да бега

Кривичниот суд Скопје му одреди мерка куќен притвор Драги Рашковски. Обвинителството бараше притвор за Рашковски за набавката на софтверот, но од Основниот кривичен суд соопштија дека одредиле куќен притвор зашто обвинителот не приложил докази дека ексгенералниот секретар на Владата е имотен и може да избега, како и дека ќе влијае на истрагата. 

„Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека: денеска пред судија на претходна постапка, беа спроведени две лица со предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор под сомнение дека стoриле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ.

По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација.

Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Што се однесува до предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост за две други лица опфатени со истрагата, истите, согласно Законсктие одредби дополнително ќе бидат повикани да се произнесат по што ќе се одлучува“, се вели во соопштението на Судот.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе