Завршни зборови

Кривичното дело за обвинетите од 27 април остана исто, нема измени на обвинението

Нема суштински измени во обвинението за настаните од 27 април.

Единственото што е ново во обвинителниот акт на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е што по имињата на амнестираните лица стојат зборовите „За кого постапката е запрена“.

Обвинителката Ивана Трајчева го прочита обвинението споменувајќи ги имињата и на амнестираните, како и на дејствата што ги презеле.

„На 27 април, 2017 од 14:30 до 22:30 за време на Конститутивната седница обвинетите Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски (за кого постапката е запрена), Митко Чавков, Митко Пешов..., презеле дејства со намера да го загрозат уставниот поредок на Република Македонија и го загрозиле животот на пратениците и новинарите“, рече обвинителката Трајчевска. Кривичното дело за сите обвинети остана исто, терористичко загрозување на уставниот поредок, а за помагање во ова кривично дело е обвинет само Оливер Радулов.

Доказите за секој обвинет поединечно ги образложува обвинителката Вилма Рускоска. Судењето е во тек, а во судница се присутни 17 обвинети лица.

К.Д.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе