Судски лавиринти

Кривичниот суд го штити Рашковски од обвинителството

Основниот кривичен суд Скопје неодамна соопшти дека нема никаква забрана за комуникација за Драги Рашковски додека е во домашен притвор, па затоа барањето на обвинителството да биде вратен во притвор е неосновано. На интернет страницата на Апелацискиот суд Скопје е објавено дека на 4 јуни, кога била сменета мерката притвор во домашен притвор, судот одредил строга забрана за комуникација со други осомничени од случајот.

Кривичниот суд вели дека нема таква забрана, па затоа кривичниот совет смета дека барањето на обвинителството е неосновано. „Мерката за обезбедување присуство – куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелацискиот суд, опстојува без дополнителна мерка за претпазливост – забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или забрана за употреба на средства за комуникација. Предлогот на јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто не опстојува”, соопшти судот.

Но, Апелацискиот суд од пред неколку дена го објави и решението: „Се забранува на осомничениот Драги Рашковски да комуницира со лицата опфатени со кривично правниот настан, како и да употребува средства за комуникација“. Рашковски од 4 јуни е во куќен притвор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на 22 јули побарало притвор за Рашковски откако веројатно добило податоци дека зборувал со еден од осомничените во случајот со нелегалната набавка на софтвер. Во овој случај Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за кој има сомневања дека всушност бил негова иновација.

А.Д.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе