Кривичниот суд Скопје ќе се дезинфецира секоја среда и петок

Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и старата зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

„Согласно препораките на Владата на РСМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок сѐ додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот, како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска”, пишува во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судот во текот на денот ќе ја информира јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе