Кривичниот суд одлучи: Нема притвор за поранешниот директор на Централен регистар

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Основното јавно обвинителство – Скопје за притвор за поранешниот в.д. директор на Централен регистар, Андреа Поповски, кој вчера беше приведен поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата со вработување партиски кадри.

„Судија на претходна постапка го прифати предлогот на одбраната на лицето кое беше спроведено во Основниот суд Скопје 1 по пријава на Финансиската полиција, за определување гаранција со мерка за претпазливост. Согласно член 146, став 1, точка 2, 3 и 6 одреди обврска лицето да се јавува во Судот, привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за воспоставување контакт со одредени лица поврзани со кривичното дело”, информираат од Кривичниот суд.

За останатите спроведени лица за кои се бара мерка за претпазливост сѐ уште трае постапката.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело.

„Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата”, соопшти денеска ОЈО.

Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, пак, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе