Предмет „Рекет”

Кривичниот суд одби поранешниот директор на УБК Горан Николовски да биде сведок на Боки 13

Поранешниот директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски не може да биде сведок на одбраната на Боки 13, првообвинет во предметот „Рекет”, реши Кривичниот суд во Скопје.

На одлуката, како што објави МИА, реагираше адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, според кого, во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.

„Ако сведокот Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан”, рекол Дуковски.

Исто така, судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски-Боки 13.

„Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства”, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет", се презентираа разни материјални докази и сведоци.

Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја") за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. 

МИА

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе