Истрага на Управата за финансиска полиција

Кривични пријави против градоначалникот на Петровец и уште четири лица

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Директорот на Управата Арафат Муареми изјави дека градоначалникот, кој на таа функција е од 2009 година, почнувајќи од 2012 година до сега, овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури во вредност од над 31,84 милиони денари за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени.

Против овие лица, како што рече Муареми, постојат основи на сомневање за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

Муареми рече дека првопријавениот е градоначалник на Општината, второпријавениот е во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце транс компани" ДООЕЛ Скопје и правниот субјект „Леома транс" ДОО Скопје, третопријавениот е во својство на инженер за надзор, четвртопријавениот е во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ Бау" ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Чола топ" ДООЕЛ Батинци, а петтопријавениот е во својство на управител на пријавениот правен субјект „Аце транс компани" ДООЕЛ Скопје.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, во тој контекст, рече дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

„Финансиската полиција постапи по пријавата и вчера ја поднесе кривичната пријава за направена оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра“, изјави Николовски.

Вицепремиерот информира дека пристигнати биле повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.

Николовски упати повик до јавноста да се користат сите алатки и да се пријавуваат неправилности, мито, корупција, криминал...

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе