МВР

Кривична пријава за поранешниот директор на Агенцијата за катастар

Поранешниот директор на Агенцијата за катастар, С.Т. (44) спротивно на Законот за административни службеници унапредил 128 службеници без да спроведе соодветна постапка, пишува во кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Постојат основи на сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Пријавениот С.Т. овие распоредувања ги спровел без да достави барање за започнување на постапка за унапредување на административен службеник до организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во агенцијата, без добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, без објавен интерен оглас на веб страницата на агенцијата, како и без постоење на пријави за унапредување со приложени докази за унапредување, без Комисија за селекција за унапредување, без записник за административна селекција, без записник за спроведени интервјуа со најдобро рангирани кандидати и без одлуки за извршен избор, ниту пак објава на истите на веб страницата на агенцијата, спротивно на членовите 49, 50, 51 и 52 од Законот за административни службеници. Директорот на 29 јули 2016 година донел 128 решенија за распоредување и определување на плата на државен службеник. На тој начин, во наредниот период им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 7.343.131 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.

Пријавениот С.Т., исто така, постапил спротивно на член 5 од Законот за вработените во јавниот сектор. Тој, без да спроведе транспарентна постапка за унапредување на административни службеници и без да го почитува начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, донел решенија со кои било извршено унапредување на вработени во агенцијата на повисоки работни места од претходните, со што се зголемиле и личните примања на вака унапредените службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе