Kривична пријава за Алексовска за трошење 10.000 евра од службена картичка за козметика, цигари, јајца од потполошка...

МВР поднесе кривична пријава против Слободанка Алексовска, која како поранешен раководител во Центар за вработување при Агенцијата за вработување, од службената картичка за сопствени потреби потрошила 10.325 евра.

Кривичното дело е злоупотреба на службената положба и овластување.

„Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 1 јануари 2014 до 30 април 2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата.

С.А. со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за извршување на буџетите и Законот за спречување на корупција, во периодот 2014-2017 година, за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР)“, соопшти МВР.

Во 2017 ревизијата на Агенцијата за вработување покажала дека Алексовска со средства од буџетот на Агенцијата купувала јајца од потполошка, машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи. На овој начин биле злоупотребени над 9.000 евра.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе