Кривична пријава против Димитар Петров, поранешниот шеф на РКЕ, на БЕГ му овозможил екстра профит

МВР поднесе кривична пријава против четири лица – претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика, поради тоа што на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности без при тоа да бидат исполнети условите и критериумите.

Тие донеле и одлуки со кои на овие правни субјекти им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход. На ваков начин овозможиле правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, а на штета на граѓаните – да оствари противправна имотна корист во вкупен износ од 6.659.349 евра.

„Поднесени се кривични пријави против Д.П. (51), вработен како претседател и член на  Регулаторна комисија за енергетика на до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на РКЕ, В.К. (65), член на  РКЕ до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на  РКЕ до декември 2017 година, а поради постоење основано сомневање ја злоупотребиле службената положба и овластување“, соопшти денеска МВР.

Димитар Петров 9 години беше претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Пријавените во својство на службени лица, претседател и членови на РКЕ, со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, при што во декември 2012 година на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без притоа да бидат исполнети условите и критериумите објавени во ноември 2012 година со јавен повик за избор на носител на лиценца за регулиран производител на топлинска енергија, јавен повик за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и јавен  повик за избор на носител на лиценца за снабдување на топлинска енергија.

„Според документираните сознанија од истрагата тие, кршејќи ги одредбите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, во декември 2012 година, донеле Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител, на правното лице Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергја на правното лице БЕГ и одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија на правното лице Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ“, се вели во соопштението на МВР.

Покрај ова пријавените, од позиција на претседател и членови на РКЕ, ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања и ги пречекориле границите на своите службени овластувања, и со тоа што во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, противправно и спротивно на Правилникот за цени и системски услуги, донеле одлуки за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија, одлуки за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија и одлука за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија, со што на правните субјекти на кои претходно, противправно, им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход.

Со преземање на горенаведените дејства, односно со носење одлуки спротивно на Законот за енергетика, Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности и Правилникот за цени и системски услуги, Д.П., С.Ј., В.К. и Е.М.В. му овозможиле на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ, а на штета на граѓаните – да оствари противправна имотна корист во вкупен износ од 409.549.941 денари или 6.659.349 евра. 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе