Апел до медиумите да ги проверуваат информациите

Кривичен суд: Вработениот во судската писара е негативен на вирусот

По објавените информации во дел од медиумите и на социјалните мрежи дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот ковид-19 од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека тој веднаш бил упатен на тестирање, а резултатот покажал дека е негативен на вирусот, за што до управата на Судот бил доставен и резултатот од тестирањето.

Од судот апелираат до медиумите и сите останати субјекти кои лиферуваат информации на порталите и социјалните мрежи за судот, да ги проверуваат информациите пред нивно објавување.

„Судот се залага за транспарентно и отчетно работење и има одлична соработка со поголем дел од медиумите. Но, потребно е да се напомене дека секоја непроверена и неточна информација освен што наштетува на угледот на институцијата може негативно да се одрази и на некои недолжни колеги или граѓани како во овој случај.

Досега неколку пати ја информиравме јавноста дека како суд строго се придржуваме до препораките за заштита од вирусот. Судниците и судските простории редовно се дезинфицираат, на вработените и странките кои влегува во судот им се мери температурата со безконтактни уреди, секој е должен да носи заштитна маска и ракавици, се одржува растојание на присутните во судниците, канцелариите и писарниците, а сите вработени кои се хронично болни, самохрани родители или чуваат дете помало од 10 години се ослободени од работа“, велат од Судот.

Како што се додава во соопштението, до овој момент ниту еден вработен не пријавил дека имал контакт со заболен и дека му е дадена препорака за самоизолација, а доколку некој пријави дека е позитивен на вирусот судот ќе ги преземе сите мерки согласно упатствата на здравствените власти.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе