Реакција

Кривичен суд: Нашите одлуки се донесени исклучиво според законските одредби

Во однос на тенденциозните обиди да се дискридитира работата на Кривичниот суд и да се манипулира со официјалните информации кои судот ги објавуа, а се од интерес на јавноста и се во правец на транспарентно и отчетно работење, Кривичниот суд Скопје денеска упати уште едно соопштение. Во соопштението се вели дека предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор за Драги Рашковски, осомничен во предметот „Нелегална набавка на софтвер“, од страна на Кривичниот совет е отфрлен како неоснован со оглед на тоа што со решението за продолжување на мерката куќен притвор од 2 јули 2021 година не опстојува дополнителна мерка - забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или забрана за употреба на средства за комуникација, што е евидентно и од самото решение на Кривичниот совет достапно во прилог.

„Не спорно е дека токму Кривичниот совет на овој суд, по добиена жалба на Јавниот обвинител, изјавена против решение на судија на претходна постапка, на 21 април 2021, ја уважил жалбата и мерката куќен притвор ја заменил со мерка ефективен притвор. Мерката притвор од Кривичниот совет на 20 мај 2021 година била продолжена за нови 30 дена, за на 4 јуни 2021 Апелацискиот суд – Скопје го укине решението на советот и да определи мерка – куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост. Но, на 2 јули 2021 година, по предлог на надлежниот обвинител, Кривичниот совет мерката куќен притвор ја продолжи без дополнителни мерки за претпазливост, кое решение на советот е доставено до јавниот обвинител и е потврдено од Апелацискиот суд Скопје.

Заради сето тоа, Кривичниот совет, водејќи се исклучиво по законските одредби и ценејќи дали е прекршена определената мерка која опстојува со решение во моментот на поднесениот предлог, донел одлука за одбивање на предлогот“, се вели во реакцијата на Основниот кривичен суд Скопје.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе