Крим техника го изготви извештајот за пожарот во модуларната болница, ќе се анализира во ОЈО Тетово

Во Основното јавно обвинителство Тетово денеска пристигнал извештајот од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото по пожарот во тетовската модуларна ковид болница.

Од ОЈО информираат дека извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите, а се очекува да пристигнат и извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки.

„Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика”, информираат од ОЈО.

Од извештајот за причините за избувнувањето на пожарот на 8 септември во модуларната ковидболница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, ќе зависи и одлуката на премиерот Зоран Заев за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и двајцата директори на Тетовската болница.

Премиерот Заев, денеска рече дека очекува дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот се при крај и ќе бидат објавени што поскоро.

„Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…”, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на новите деловни простории на „Пивара” Скопје.

Во истрагата, покрај домашните истражни органи, се вклучија и германски експерти.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе