Таргет-Тврдина

Костовски: Во стан надвор од УБК, се обработувале прислушуваните материјали

Со сведочење на свиркачот Звонко Костовски во Кривичниот суд денеска на пладне продолжи рочиштето за предметот Таргет-Тврдина на СЈО.

Костовски, на прашање на обвинителката Ленче Ристовска, рече дека нема точна информација за бројот на разговори што биле изнесени и снимени, но, според него изнесени и предадени на Верушевски се околу пет проценти од вкупно нелегално прислушуваните разговори.

Во зградата кај железничка наречена „парламентарка", Костовски рече дека во посебни простории постоел инсталиран компјутер што било направено на барање на Горан Грујевски, за нивни логистичар да може полесно да презема материјали.

„Во стан, во зградата кај Железничка, позната како „Парламентарка" имаше компјутер кој беше поврзан со компјутер од УБК. Ова беше направено по барање на Горан Грујевски, и тоа за да не мора логистичарот Николче Николов често да оди во тие простории и да ги земе тие материјали за да не се создаде сомнеж кај станарите“, истакна сведокот Костовски.

Во предметот Таргет-Тврдина обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешните шеф на УБК Сашо Мијалков, началник на Петтата управа Горан Грујовски, заменик-началник Никола Бошкоски, шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица од Управата.

Тие се товарат за незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе