Случај „Монструм“

Косово сѐ уште не го екстрадира Африм Исмаиловиќ, се бара и Алил Демири

Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм" за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски вели дека косовската страна побарала гаранции дека доколку Исмаиловиќ биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење и дека тие гаранции се дадени преку Министерството, но дека одговор нема.

„Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Сѐ уште нема одговор од косовска страна до која е  е испратена информација дека буквално сѐ што им треба како гаранција, доказ, превод на пресуда, ќе им се излезе во пресрет со цел Исмаиловиќ да биде вратен во земјава. -Министерството за правда ќе инсистира лицето Африм Исмаиловиќ да биде екстрадиран“, изјави Видиновски за МИА.

Тој вели дека секој што е осуден во отсуство има право да бара повторно судење.

Како учесник во сообраќајна несреќа во Косово на 1 април, Исмаиловиќ бил однесен во полициска станица, каде било утврдено дека се работи за лице кое е барано со потерница, по што му бил определен 48-часовен притвор. Апсењето на Исмаиловиќ всушност е случајност, поради сообраќајна несреќа.

Сега се чека Косово да одговори дали ќе ја изврши екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, иако не е утврден прецизен рок за да се постапи по барањето.

Покрај Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, исто така осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм", а Косово со години не ги екстрадира овие лица и покрај барањата на македонските власти.

Од косовското Министерство за правда не даваат одговор на прашањата поврзани со барањето за екстрадиција повикувајќи се на доверливост на постапката во поглед на меѓународна правна соработка. 

Според извори на МИА од Приштина, Исмаиловиќ е пуштен од притвор и е со мерки на претпазливост.

Македонската страна досега испратила околу девет барања до косовските власти за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири, по кои не е постапено.

Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Aлил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор. За обвинетиот Сами Љута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе