Образложение на Основниот кривичен суд Скопје

Пиштолџијата Кока наместо од 1 до 5 години, доби 4 месеци затвор оти се каел дека пукал, имал деца, бил коректен...

Јусуф Енуз Кока, обвинетиот што доби 4 месеци затвор за пукањето на протестот кај „Скендер бег“, се каел за стореното кривично дело, признал дека пукал, не бил осудуван и коректно се однесувал во текот на постапката, против него не се води постапка за друго кривично дело..., па затоа добил казна под минималната. Основниот кривичен суд за МКД.мк одговори дека има олеснителни околности што судијката Џенета Бектовиќ ги зела предвид при донесувањето на одлуката. Членот 288 став 3 од Кривичниот законик вели дека ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

„Како олеснителни околности судот ги ценеше личните прилики на обвинетиот, пред сѐ неговата возраст, дека е млада личност родена 1982 година, воедно ги ценеше и материјалната и социјалната положба на обвинетиот, околноста дека тој е вработен, женет, и татко на две деца, а особено ги имаше предвид околностите дека обвинетиот во целост го призна сторувањето на кривичното дело, со што придонесе до побрзо и поефикасно завршување на постапката, околноста дека обвинетиот досега е неосудуван, дека против обвинетиот не се води постапка за друго кривично дело, дека обвинетиот изрази каење за стореното кривично дело и неговото коректно однесување во текот на постапката“, се вели во одговорот од Основниот кривичен суд Скопје. 

Првостепената пресуда треба да биде доставена во писмена форма до странките во постапка, а потоа тие имаат рок за жалба од 15 дена.

Во овој случај обвинетиот пиштолџија е во куќен притвор и ќе биде дома додека не биде пресудата правосилна, односно сѐ додека течат роковите за жалби.

Тоа значи дека ако за период од овие месеци трае жалбената постапка и биде донесена иста пресуда од Апелацискиот суд, Кока казната ќе ја одлежи дома, бидејќи во пресудата се засметува и времето што го минува во куќен притвор.

Според членот член 288 од Кривичниот законик:

(1) Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јнизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни службено или одговорно лице кое нема
да постави пропишани уреди за заштита од пожар, експлозија,поплава,
отрови, отровни гасови или јоинзирачки зрачења или овие уреди не ги
одржува во исправна состојба или во случај на употреба не ги стави во
дејствие или воопшто не постапува според прописите или техничките
правила за мерките за заштита и со тоа предизвика опасност за животот
или телото на луѓето или за имотот од големи размери.

(3) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Обвинетиот по однос на вината изјавил дека во целост го признава кривичното дело онака како што е опишано во обвинителниот предлог по однос на време, место и начин на сторување.

Истиот појасни дека делото го сторил од причина што и претходниот ден, пред критичниот настан, од истите лица, учесници на протестот, му биле искршени возилата на паркингот пред неговиот хотел Де Кока, а биле и скршени стаклата од предната врата од хотелот.

„Тој лично го видел тоа претходниот ден, видел дека истите овие лица протестирале и претходниот ден и му ги скршиле стаклата на хотелот и возилата пред хотелот, со фрлање на бекатон плочки, чекани и стаклени шишиња", стои во одговорот што Основиот суд Скопје го испрати до редакцијата на МКД.мк.

Кока и наредниот ден бил на работа, т.е. критичниот ден, и видел дека почнале истите овие лица од протестот да фрлаат по сите луѓе на плоштадот, почнале да се приближуваат да влезат накај чаршија, тоа се гледало и на камерите дека биле многу луѓе, во рацете имале молотови коктели, бекатон плочки, шишиња, и почнале да фрлаат према секој човек што бил таму, а фрлале и спрема хотелот и кон него.

За овој обвинет, претходно по пукањето на протестот прес-конференција одржа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека мета на Кока бил тој и дека Кока требало да го убие.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе