Кој и што крие за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот?

Првично објавените информации за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје беа дека тој бил претепан пред дискотеката „Привилиџ“ и однесен во болница. Кратко потоа директорката на КАРИЛ дава изјава дека немало знаци на насилство, по што и МВР излезе со официјално соопштение дека немало никаков инцидент пред дискотеката. По смртта на Тот и извршената обдукција, Јавното обвинителство вчера соопшти дека ракометарот умрел со пресечен јазик и голем хематом на главата. 

Кого и зошто крие МВР со првото официјално соопштение дека нема знаци на насилство за смртта на младиот ракометар од Хрватска пред скопската дискотека. Отворената истрага на ОЈО и обдукцијата покажа нешто сосема друго. Тоа го потврди и МВР со второто соопштение:… „Тројца напаѓачи му нанеле удари по главата на Денис Тот од кои тој паднал со главата наназад на асфалтот и загубил свест. На 7 април околу 3,30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л. (19) и А.К. (22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест“.
Се јавија и партиите. 
ТМРО побара морална одговорност со оставка на ресорниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, за очигледното криење на кривично правен настан, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Тот. Првичното соопштение беше дека нема траги на насилство, а второто дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата.
„Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство? Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема траги на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство? Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На ова веднаш реагираа од СДСМ. „МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана. А ВМРО-ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, праша СДСМ.
На целата оваа збрка треба да се додаде и изјавата дадена за „Фокус“ на докторката Маја Мојсова која е директорка на КАРИЛ: „Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“.
На ова реагираше и министерот за здравство Беким Сали кој изјави дека согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар.
Претходно на социјалните мрежи се јави и брат му на Денис, Борис Тот, кој уште повеќе  го замати целиот случај: „Благодарност до господата новинари на „професионално“ завршената работа. Може вам само да ви биде срам поради пласирањето на дезинформации во јавноста и ширење на лаги за собирање на кликови. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на денот беа напишани. Срамота е на туѓа несреќа да градите публицитет“. Овој пост брзо беше избришан.
А уште побрзи сега треба да бидат македонските истражни органи за да се расчисти овој случај.
А.Д.  
 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе