Рочиште за „Титаник“

Кочан вели дека не донирал за ВМРО-ДПМНЕ, сведокот Кочишки откри дека фактурирал за „Трансмет“

Сеад Кочан, кој во 2011 година бил управител на „Трансмет“, денеска беше прв сведок на  рочиштето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на кое беа сослушани сведоци за тоа дали и како донирале средатва и услуги за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Кочан беше прв сведок на предлог на обвинителството и рече дека не се сеќава, но мисли дека никогаш нема донирано лично средства за ниту една партија, па ниту за ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето на обвинителката Лиле Стефанова дали тој како физичко лице донирал средства за партијата рече дека не се сеќава, но сепак мислел дека никогаш не дал пари на која било политичка партија, откако адвокатот Донче Наков побара збор па рече дека не е сигурен дека сведокот разбрал дека на одредени прашања не треба да одговори, за да не се изложи себе си на кривична одговорност.

Прашан дали фирмата „Трансмет” на која тој бил управител била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Кочан рече дека фирмата никогаш не донирала средства на таа политичка партија.

Инаку, Кочан утринава во Кривичен суд беше донесен од затворот „Идризово“, каде што издржува затворска казна од 4 години и 8 месеци. Веднаш по сведочењето Кочан беше вратен во Идризово.

Според обвинението, Никола Груевски и Мартин Протоѓер во текот на изборната кампања преку Миле Јанакиески и Кирил Божиноски изнајмиле опррма и набавиле рекламен материјал за изборната кампања кој бил платен од фирмите „Трасмет“, „Секјуриком“ и уште една фирма.

„Овие средства во износ од 3.128.777 денари биле должни да ги пријават како донација, но не ги внеле во регистарот на донации. Сведоци ќе потврдат дека управителите на фирмите кои ги дале услугите, фактурите наместо кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ биле упатени да ги насочат кон правните лица, како услугите да биле извршени за овие правни лица“, рече обвинителката Стефанова при читањето на обвинителниот акт.

Втор беше сослушан сведокот Здравко Кочишки, сопственик на фирма за изнајмување на аудио и визуелна опрема за настани, кој рече дека за изнајмување на ваква опрема во 2011 година не ѝ фактурирале на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но по проверка со обвинителство било утврдено дека неговата фирма фактурирала за услуги на компанијата „Трансмет”.

„Ние работиме со сите политички партии. Сме изнајмувале за помали настани и митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и за поголем дел од кампањата на СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ ние не сме имале договори за големи митинзи. Нашата фирма годишно прави 150 до 170 тури и навистина не можам да се сетам за 2011 година“, рече сведокот.

Прашан како им било платено за изнајмената опрема на ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече дека не може да се сети за нешто пред девет години.

„Според анализите направени во фирма, немаме дадено фактура на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави сведокот Кочишки.

Прашан на кого ги фактурирале овие настани, сведокот рече дека тој лично не фактурирал, туку како управител само кажувал каде да фактурираат и дека најверојатно се јавил и ги пренел дадените инструкции.

„Во консултација со вашите луѓе кога дојдоа кај нас во фирма и при проверка дали сме фактурирале на фирма ‘Трансмет‘, излезе дека сме фактурирале“, изјави сведокот Кочишки.

На прашање од одбраната како фактурирале за изнајмената опрема на СДСМ директно или преку трети фирми, сведокот рече дека не се сеќава.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан и сведокот Логин Кочишки, но не беше обезбедено негово присуство.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе