Кочан ќе мора да оди в затвор, Кривичниот суд му го одби барањето за одлагање на казната

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд-Скопје, ја отфрли жалбата на бизнисменот Сеад Кочан кој бараше одлагање на затворската казна.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд-Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница.

По разгледување и ценење на жалбата, советот донесе решение со кое жалбата ја одби како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките“, соопшти Кривичниот суд.

Одлуката на Советот му била испратена на Кочан кој е осуден на затворска казна од четири години и осум месеци во предметот на СЈО „Труст“. Кочан требаше да се јави во затворот Идризово на издржување на затворската казна на 17 јули, но поднесе барање за одлагање на казната поради здравствени проблеми, но судот тоа барање го одби.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе