Клиника „Жан Митрев“: Немаме што да криеме, целосно соработуваме со институциите

Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста. Ние целосно соработуваме со институциите затоа што нема што да криеме, се вели во соопштението од клиниката „Жан Митрев“.

„Во врска со денеска објавените информации би сакале да информираме дека денеска д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО беше таму и даде своја изјава. За понатамошниот развој ќе ве информираме соодветно.

Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста. Искрено веруваме дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да ѝ служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме“, се додава во соопштението од „Жан Митрев“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе