По грозоморниот настан во скопски Карпош

Ќерката што ја задави мајка си доби обвинение за кривично дело со максимална казна доживотен затвор

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46 годишна жена која ја задави мајка си во скопски Карпош, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело законот предвидува казна од 10 години до доживотен затвор. 

Според она што го кажала обвинетата, мотивот за убиството е меѓусебна расправија поради финансиски средства.

Обвинетата по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.

Од ЈО информираат дека, поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе