Методологијата ќе биде позната до февруари

Ќе се прави список на судии чија што имотна состојба ќе биде испитувана

До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што ќе се најдат на „списокот". Списокот го изготвува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Републичкиот судски совет (РСС).

Како што соопшти денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, во завршна фаза е дефинирањето на критериумите по кои ќе се составува списокот, а тие генарално се однесуваат на тоа кој судија најмногу ги држел предметите, кој веќе се нашол пред РСС, за кој има најмнгоу поплаки од граѓаните. Во предвид ќе биде земен и начинот на распределба на предметите.

Според Ивановска, на списокот ќе се најдат и судиите за кои до ДКСК стигнале поплаки од граѓаните.

„Ние не најавивме ветинг во целина. Рековме дека ќе посегнеме до каде што е нашата надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба. Со оглед дека станува збор за голем број судии, 600 – 700, апсурдно е да се занимаваме со сите. Работиме на методологијата за избор на примерок заедно со Републичкиот судски совет (РСС) кој треба да ни ги достави податоците по што, всушност, ќе утврдиме кои судии ќе бидат предмет на нашата работа“, изјави Ивановска, одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција".

ДКСК во моментов ги чека податоците од РСС.

„Ќе направиме список од судии и обвинители на кои ќе работиме. Ги дефинираме чекорите со РСС. Имавме средби изминатиот период, се договаравме околу критериумите и поставивме неколку основи како репер. Сега ги чекаме податоците од РСС, кај и да е, треба да стигнат. За сите документи што ги бараме има 15 дена рок за доставување. Нашата намера е во првата недела од февруари да излеземе со годишниот план. Се надеваме дека ќе успееме во тоа“, рече претседателката на Комисијата.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе