На судењето за „Рекет“

Боки 13 ќе поднесе 19 кривични пријави, бил заложник на мрачни политички сили

Кривичните пријави, вкупно 19 на број ги скараа судот, обвинителството и обвинетите во случајот „Рекет". Исто како и на претходните рочишта, така и денес обвинетиот Бојан Јовановски го затвори судењето со излагање во негов стил, а повторно зборуваше и за неговата здравствена состојба за која порача јавноста да не суди по неговата здравствена состојба и дека, иако изгледал добро, сепак имал органски проблем. Себе си се нарече заложник на мрачни политички сили. 

Пред присутните тој образложи дека добил одговор на писмото кое претходно го испрати до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во кое пишувало дека се што обвинетиот има, може да си поднесе до судот.

Јовановски и укажа на судијката Васка Николовска – Масевска дека за сите барања кои претходно му ги предочил на судот, а за кои потоа бил упатен да се обрати на адреса на Обвинителството, повторно бил вратен во судот.

Укажувањата се однесуваат на неговата здравствена состојба, но главната дилема која Јовановски ја постави пред судот е на која адреса на поднесе кривична пријава против Вилма Русковска, кога таа раководи и е шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Дали за лицето Вилма Русковска, треба да поднесам кривична пријава до обвинителката Вилма Русковска?“, праша Јовановски пред судот и додаде дека бара изземање на обвинителката. 

И денес како и претходно обвинетиот не изостави да го спомене пред судот владеењето на правото, како и да цитира членови од Уставот.

„Се чувствувам дискирминирано. Вие судија ме упативте до обвинителството, па од таму највисониот  орган на јавнообвинителскиот систем јавно ме советува пак да се обратам до судот. Ова е флагрантно кршење на моите права и законот. Јас сум најобесправено лице кое го дише загадениот воздух бидејќи има осомничени за посериозни и потешки кривични дела, а за кои има поблаги мерки за обезбедување на присуство. Јас сум заложник на мрачни политички сили“, рече пред судот Јовановски.

Тој посочи дека ќе поднесе 19 кривични пријави, и обвини дека Вилма Русковска е вмешана во криминал тежок 4 милиони евра за кој, како што реше имал несоборливи докази.

Адвокатот Сашко Дуковски кој го застапува Јоановски на судијката Николовска –Масевска и појасни дека не е идиот и дека знае каде се поднесуваат кривични пријави и праша каде да пријават кога Јовески ги враќа назад во судот.

Судијката го прекина Јовановски и рече дека го зборува истото, но во модифицирана форма, а на зборовите на Јовановски реагираше и обвинителката Гордана Смаќоска.

Следното рочиште е закажано за утре кога пред судот ќе бидат изведени материјалните докази.

 К.Д.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе