Во затворот во Струга

Кичеец префрлен во полуотворено затворско одделение, нема да ги користи досегашните олеснувања

Осудениот Зоран Милески-Кичеец е преместен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот Струга, информира Управата ја извршување на санкции. Со ова префрлање, според Управата, Кичеец повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

Инаку во сообраќајката што се случи пред десетина дена кај Стража на патот Маврово-Кичево, а во која учествуваше и Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, едно лице загина, а петмина беа повредени.

На Кичеец му бил одобрен прекин на издржување на казната затвор поради здравствена состојба, откако до Управата доставил специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

Дека Кичеец е на слобода и има прекин на затворската казна јавноста дозна токму на 4 септември кога се случи сообраќајката. Тој тогаш заработи притвор во траење од 30 дена. На барање на Обвинителството, Основниот суд во Гостивар му одреди мерка притвор под сомнение дека ја предизвикал сообраќајката престигнувајќи возило на полна линија.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе