Кривичен суд

Кичеец ја призна вината, денеска првата пресуда за „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска напладне ќе биде изречена првата пресуда за случајот „Рекет", откако вчера на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец призна вина за делото.

Милевски се товари за „примање награда за противзаконито влијание“.

Бранителот на Зоран Милевски Кичеец, адвокат Александар Новаковски, во завршен збор рече рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.

„Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина“, изјави адвокатот Александар Новаковски.

Обвинителката Вилма Рускоска, во воведниот збор наведе дека ќе изнесат докази дека Боки 13 преку Кичеец прв стапил во контакт со Ана Камчева и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари.

„Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна“, рече Рускоска.

Судскиот процес „Рекет“ продолжува в петок против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор, додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје, каде што издржува мерка притвор.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе