Основно јавно обвинителство Скопје

Казни за две лица кои на Курбан Бајрам организирале веселба со 60-80 гости

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 22 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана на одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор од секаков вид, со која се опфатени и јавни и приватни собири. Тие за верскиот празник Курбан Бајрам, во дворно место од семејна куќа, организирале семејна веселба на која биле присутни од 60 до 80 гости. За обвинетите, надлежниот јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра во денарска противвредност.

Против две други лица, од кои едното е косовски државјанин, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Спротивно на Одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, тие организирале прослава по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале околу 15 гости.

Против 18 лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози поради непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие, за време на тогаш важечкиот полициски час, без дозвола се движеле на различни локации во градот. За овие обвинети до надлежниот Основен кривичен суд Скопје предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност од 20 евра во денарска противвредност.

 

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе