Апелациски суд со образложение

Казната е намалена зашто обвинетиот признал вина, а загинатата Фросина поминала на црвено

Признанието на вина од обвинетиот возач Љубиша Видојковиќ кој ја прегази студентката Фросина Цековска и измената на описот на обвинителниот акт биле причините поради кои Апелацискиот суд ја намалил затворската казна од 4 на 3 години.

Апелацискиот суд преку соопштение образложи дека „при определување на видот и висината на казната советот ги имаше во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности  а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода”.

„Апелацискиот суд Скопје во текот на жалбената постапка, имајќи го предвид фактот дека првостепената пресуда веќе еднаш е укината, советот на овој суд одлучи да се одржи расправа пред второстепениот суд, на која јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје изврши измена на описот на обвинителниот акт по што обвинетиот ја призна вината за стореното кривично дело и следуваше судот да донесе пресуда врз основа на признание на вина.

При определување на видот и висината на казната советот ги имаше во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности конкретно наведени во писменото образложение на одлуката,  а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода во која согласно приложеното вештачење е утврдено дека придонес покрај обвинетиот кој го управувал возилото под дејство на алкохол од 1,13 грам промили и со брзина од 85км/час која била поголема од ограничената 60км/час за град Скопје, свој придонес има и оштетената која како пешак го минувала коловозот на запалено црвено светло за пешаци.

Со оглед на наведеното, имајќи ја предвид и судската пракса за ваков вид кривично правни настани, советот на овој суд го осуди обвинетиот на казна затвор од 3 (три) години, а воедно му изрече и казна забрана за управување со моторно возило од Б категорија во период од 1 (една) година”, пишува во соопштението од Апелациски суд.

Одлуката на Апелацискиот суд Скопје не е правосилна  и против истата може да се поднесе жалба до Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Љубиша Видојковиќ пред 4 години ја прегази студентката Фросина Цековска на пешачки премин на Партизанска.

 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе